
Заливот на Коските
Во праисториските времиња Охридското Езеро било дом на надводна населба која буквално почивала над езерото, на платформа поддржана од 10.000 дрвени трупови кои биле укотвени на езерското дно. Остатоците од населбата беа откриени на ова место и постепено беа ископани од подводен тим помеѓу 1997 и 2005 година; Музејот е реконструкција на населбата, како што археолозите сметаат дека би изгледала помеѓу 1200 и 600 п.н.е.

Самоилова Тврдина
Најдоминантниот знак на Охрид е моќната тврдина што се наоѓа на врвот над стариот дел на градот. Позната како Самоиловата тврдина по царот Самоил. Благодарение на реновирањето во 2003 година, посетителите можат да ја посетат тврдината, да се качат по стрмните скали и да одат по нејзините бедеми. Погледот од тврдината мора да се доживее бидејќи од тврдината се гледа целиот стар град, а езерото може да се набљудува од сите страни.

Свети Јован - Канео
Манастирот Свети Јован од Канео е основан кон крајот на 13 век и е посветен на Свети Јован Крстител. Неговата пејсажна локација и препознатливата византиска архитектура го прават едно од најфотографираните места во Македонија - било да е тоа од Охридското Езеро или од брегот. Манастирот Свети Јован од Канео се наоѓа на карпа веднаш над рибарското село Канео, со поглед кон спокојните води на Охридското Езеро. Манастирот е симбол на Охрид.

Црква Св. Климент (Плаошник)
Црквата Св. Климент се наоѓа на планината Плаoшник во Охрид. Првично е изградена во 13 век и била позната како црквата Св. Пантелејмон. Таа била претворена во џамија во 15 век за време на османлискиот период, пред да биде реконструирана во 16 век и пренаменета во црква. При посетата на црквата Св. Климент може да видите средновековни фрески и ранохристијански мозаици.

Антички Театар
Во близина на Охридскиот центар е Античкиот театар - театар во хеленски стил на отворено, кој бил изграден околу 200 п.н.е. со капацитет од околу 4.000 гледачи. Во римско време се користел за гладијаторски битки и егзекуции на христијаните, што довело до негово напуштање по падот на Римската империја. Со тек на време беше ископан и користен за јавни случувања. Најзначајно, се користи како бина за време на годишниот фестивал Охридско лето. Влезот во театарот е бесплатен.

Национален Парк - Галичица
Националниот парк Галичица е планина која го дели Охридското Езеро и Преспанското Езеро. Нејзината беспрекорна локација е она што ги привлекува туристите, љубителите на птици и ентузијастите на природата за да дојдат и да уживаат во прекрасните видици. Воздухот е јасен и чист, а од одредени гледни точки ќе добиете неверојатен панорамски поглед на Охридското и Преспанското езеро и околните градови.